Skype (2)

Поради датата кога веста беше првпат објавена на интернет, 1-ви Април, многу луѓе не се сигурни дали се работи за вистинска информација или нечија шега карактеристична за овој ден. Сепак во продолжение можете да прочитате од каде доаѓа информацијата и што може да се заклучи од истата.

До информацијата има дојдено порталот Neowin, односно преку нивни читател “Marvin” кој што тврди дека добил надградба на Skype која што била доста различна од тоа што очекувал да го види. Од screenshot-от кој што го има направено од новата верзија може да се види дека дизајнот е направен да биде скоро ист како дизајнот на модерната верзија од Skype, односно верзијата за модерниот кориснички интерфејс на Windows 8 во главно наменет за корисниците на екрани на допир. Овој дизајн сепак не е ексклузивен за Windows 8, па може да се види на Android и iOS, што покажува дека тоа е правецот во кој што тимот од Skype се движи, барем кога се однесува на дизајнот. Десктоп верзијата иако има добиено неколку надградби со кои што е до некаде променет дизајнот, сепак сеуште не е направен во рамките на новиот дизајн.

На сликата може да се видат копчињата за започнување на аудио или видео повик кои што веќе не се зелените копчиња на левата страна од прозорот, туку тие се поставени на десната страна и го имаат новиот дизајн, односно се тркалезни и во сина боја. Според информациите до кои што има дојдено истиот портал, после контактирање на Microsoft, тие изјавиле дека некогаш ги тестираат новите верзии пуштајќи ги на ограничен број на корисници.

Извор: Neowin

Претходна статијаSmartApp: RoomScan, брза скица од вашиот дом
Следна статијаYahoo развива сопствена верзија на YouTube?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.