Yandex, како компанија која ја нарекуваат Google од Русија, сигурно не ретко и го заслужува тоа име, а не само поради тоа што еден од основните бизниси им е интернет пребарувањето. Оваа компанија со текот на годините почна да претставува многу повеќе сервиси, влезе и на пазарот на паметни асистенти, а претстави и паметен звучник којшто работи со асистентот.

Оваа недела компанијата влегува и на пазарот на смартфони претставувајќи го својот прв телефон. Наречен Yandex.Phone, прилично едноставно, овој уред е од средната класа и главниот акцент го има на сервисите на Yandex, како и паметните асистент Alice, односно Алиса.

Yandex.Phone има 5,65 инчен LCD IPS екран со резолуција од 2160 на 1080 пиксели. Бидејќи се работи за уред од средната класа, тој работи на Snapdragon 630 чипсетот, а вклучува и 4 GB RAM меморија, како и 64 GB меморија за податоци.

На задната страна вклучена е двојна камера со 16 и 5 мегапиксели, додека на предната страна едната камера има 5 мегапикселен сензор.

Телефонот е изработен од стакло на предната и задната страна, а страничната рамка е од алуминиум. Како и повеќето уреди, на задната страна е поставен сензорот за отпечатоци, а на уред од средната класа не ни може да се очекува да биде на друго место.

Од Yandex нагласуваат дека овој телефон ќе ги има сите сервиси од нив инсталирано на телефонот, а интеграцијата со Алиса ќе им овозможи на корисниците можност за правење на повеќе активности. Во основа Алиса може слободно да се каже дека е замена за Google Assistant, па корисниците ги добиваат повеќето можности на својата руска алтернатива.

Телефонот работи на Android 8.1 со Yandex Launcher “одозгора”. Се разбира дека Android е изборот за овој телефон, кодот на системот е со отворен код, па нема логика да некој развива посебен оперативен, кога и многу поголеми компании немаат успеано во тоа.

Yandex.Phone ќе се продава од денес во Москва за 270 евра, а ќе стане достапен на повеќе места во периодот што следи. Не веруваме дека ќе биде достапен во Македонија, меѓутоа и така кај јас Yandex сервисите не се користат, па корисниците не би добиле ништо како предност.

ИЗВОРYandex
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаРадиоактивни остатоци од нуклеарните тестирања и несреќи може да се најдат во храната и пијалаците
Следна статијаMicorosft Edge официјално ќе биде развиван на основа на Chromium проектот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.