Unpacked настанот којшто ќе се одржи во Сан Франциско и на кој ќе бидат претставени Galaxy S10 телефоните е веќе на помалку од една недела. Настанот е закажан за идната среда, а Смартпортал ќе известува директно од настанот.

Веќе можевме да прочитаме скоро се за тоа што ќе имаат овие нови телефони, а Samsung Vietnam преку нивниот YouTube канал ни ги потврдуваат три од нив.

Првото видео на почетокот од статијата ја потврдува информацијата за сензор за отпечатоци за прсти под екранот. Се верува дека овој сензор ќе биде достапен само во двата поголеми модели, додека помалиот и поевтин S10e ќе има сензор од страната.

Другите две видеа во продолжение ги најавуваат можностите на S10-ките да полнат безжично други уреди, како и можноста за снимање на 4К видео на предната камера.

ИЗВОРPhoneDog
Претходна статијаInstagram тестира можност за испраќање директни пораки и преку веб
Следна статијаBRANSYS добитник на престижното признание SUPERBRANDS 2017/18
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.