WinFuture

Samsung го одржува Unpacked настанот на којшто ќе ги претстави Galaxy S10 телефоните на 20 февруари во Сан Франциско. Според досегашните информации, на овој настан покрај телефоните, ќе биде претставен и нов паметен часовник наменет за фитнес.

Покрај часовникот на настанот наводно ќе бидат претставени и нови безжични слушалки кои треба да го носат името Galaxy Buds. Со ова се продолжува унифицирањето на проиводите под брендот на Galaxy.

Безжичните слушалки треба да дојдат исто така со безжично полнење, а оваа информација открива и уште една функција која треба да ја има кај S10-ките.

Слушалките би требало да можат да се полнат од самите S10-ки, што значи дека уредите ќе дојдат со можност за полнење на други уреди, иако според големината на батериите, тоа ќе биде препорачливо да се прави само за нешто како најавените слушалки на пример.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаПрограмер од Microsoft им препорачува на Mozilla и тие да се приклучат на Chromium проектот
Следна статијаInstagram ќе почне да прикажува IGTV видеа на главната листа со новости
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.