Instagram го претстави IGTV, нов и посебен видео сервис, како и посебна апликација, минатата година. Главната карактеристика која го разликува IGTV од другите е што форматот во кој се прикажуваат видеата е вертикален, наместо стандардниот хоризонтален.

Според тоа што можевме да го видиме досега, па и со најновата вест, можеме да заклучиме дека IGTV не е баш премногу популарен кај корисниците, па од компанијата се обидуваат да го подобрат истото.

Иако IGTV е посебна апликација, истата прилично брзо беше интегрирана во Instagram, па сега не мора да ја инсталирате посебната апликација за да ги гледате видеата. Исто така, во Explore делот, покрај стандардните Instagram видеа, сега се прикажуваат и IGTV видеата.

Овие видеа сега ќе почнат да се прикажуваат и на главната листа со новости, па корисниците сигурно нема да може да пропуштат некое од нив. Видеата кои ќе се прикажуваат се од сметките кои корисникот ги следи, па сега за сега барем, нема да ни бидат наметнувани видеа кои немаме избрано дека сакаме да ги гледаме.

Јас лично не следам IGTV сметки, но доколку вие следите, веќе треба да почнете да ги гледате овие видеа на вашата главна листа со новости.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаGalaxy Buds ќе бидат новите безжични слушалку од Samsung кои ќе се полнат директно од Galaxy S10
Следна статијаSkype воведе заматување на позадината за време на видео повици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.