Оваа нова функција Microsoft прво ја претстави при крајот на минатата година во нивната бизнис апликација Microsoft Teams. Истата е замислена да овозомжи еден вид на приватност каде во преден план е само човекот којшто разговара, но не и позадината која автоматски се заматува и ги сокрива работите кои корисникот не би сакал да се видат.

Во основа, оваа функција одлично би му се нашла на овој професор во видеото во продолжение, за време на интервју преку Skype кое го дава за BBC. Додека тој разговара со новинарот, неговите деца влегуваат во собата, па доколку позадината биле заматена, гледачите на BBC не би можеле да забележат што се случува.

Корисниците на Skype од оваа недела ја имаат можноста да го вклучат автоматското заматување на позадината за време на видео повик. Заматувањето се прави со помош на вештачка интелигенција која може да го препознае лицето, косата и рацете на корисникот со цел да не биде заматен дел којшто не треба.

Сега за сега оваа нова функција е достапна само на десктоп верзиите од Skype, а не е познато дали ќе биде овозможена и на мобилните апликации. За да ја користите треба да ја имате најновата десктоп верзија од Skype.

ИЗВОРSkype
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаInstagram ќе почне да прикажува IGTV видеа на главната листа со новости
Следна статијаDisney+ во подготовка да биде сериозна конкуренција на Netflix
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.