Гледањето на „класична“ телевизија постепено се намалува, па прашање на време е само кога гледањето на содржина ќе биде целосно онлајн. Моментално најпознатиот стриминг сервис во светот е Netflix кој покрај познатите филмови и серии, изминатите години започнаа со сериозна сопствена продукција.

Конкуренцијата во основа се сведува на сопствената оригинална содржина, па и другите сервиси како Amazon Prime Video, се „натпреваруваат“ кој ќе понуди поинтересна содржина.

Во оваа група од оваа година ќе се приклучи и Disney. Веќе одреден период се пишува за ова, но сега директорот на компанијата, за време на разговор за финснсиските резултати, кажа нешто повеќе околу сервисот којшто ќе се вика Disney+.

Овој сервис, којшто уште не знаеме дали ќе биде достапен во целиот свет или само во ограничен број на земји, треба да биде пуштен до крајот на годината. На него ќе можат да се гледаат филмови и серии кои ќе бидат од разни продукции.

Како што би се очекувало, акцентот ќе биде ставен на содржина од Disney и нивните брендови како што се Lucasfilm, Marvel Studios, Fox, Pixar, National Geographic и други.

Кога ќе се видат имињата погоре, станува јасно дека од Disney+ треба да се очекува навистина добра содржина која ќе им претставува сериозна конкуренција на другите вакви сервиси.

Меѓу првите ексклузивни филмови кои се најавуваат на сервисот е Captain Marvel, а може да се очекува дека новите филмови и серии во иднина ќе бидат исто така есклузивно достапни на Disney+.

Ова е одлична најава за овој сервис, меѓутоа „лоша“ вест за гледачите на Netflix каде сега може да се најдат серии и филмови од овие куќи, но тоа изгледа ќе заврши.

ИЗВОРARS Technica
Претходна статијаSkype воведе заматување на позадината за време на видео повици
Следна статијаТемната тема во Google Chrome стигната до тест верзиите од прелистувачот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.