Иако настанот којшто ќе се одржи на 20 февруари во главно се чека поради новите Galaxy S10 телефони, сепак неофицијалните информации покажуваат дека Samsung може ќе ни претстави и уште нешто друго.

Доколку не се погоди да од компанијата претстават повеќе други работи, она што сега се очекува е нов паметен часовник наменет специјално за спортување, односно Sport верзија од Galaxy Watch.

За разлика од паметните часовници од Samsung кои беа под Gear брендот, Galaxy Watch не доби посебна спортска, односно фитнес верзија.

Според извори на познатите 99mobiles, Samsung ќе го претстави Galaxy Sport или Active на Unpacked настанот заедно со Galaxy S10 телефоните.

Тие имаат и неофицијална слика од тоа како би изгледал часовникот, а доколку се покаже како точна, овој часовник навистина ќе привлече внимание.

Од сликата може да се види дека тој е изработен од метал, ќе има светла боја, како и две копчиња од страна. Она што недостасува кај оваа слика, а го има кај другите модели, е ротирачката рамка која се користи за навигација низ корисничкиот интерфејс на часовникот, меѓутоа од мое искуство, таа не е неопходна, со оглед на тоа што сепак часовникот има екран на допир.

Повеќе информации за часовникот, доколку биде претставен, ќе видиме на настанот во Сан Франциско, каде Смартпортал ќе биде присутен директно.

ИЗВОР99mobiles
ИЗВОР 2VB
Претходна статијаДали се легализираа крипто-валутите во Македонија?
Следна статијаFirefox ќе почне да ги блокира видео и аудио елементите од страните кои автоматски пуштаат звук
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.