Samsung ќе го прикаже уредот на превиткување на настанот за претставување на Galaxy S10

The Future Unfolds е главната порака во видеото кое Samsung го објави како најава за настанот кој ќе се одржи идната среда

Веќе знаевме дека Samsung планира дополнително прикажување на нивниот Galaxy Fold за време на претставувањето на Galaxy S10 идната среда во Сан Франциско.

Дека тоа ќе се случи сега имаме официјална најава од компанијата од каде објавија видео преку кое го најавуваат ова. Во видеото, кое е на почетокот од статијата, не може да се дознае нешто повеќе, па само не информира дека ќе видиме нешто ново поврзано со уредот со екран кој се превиткува.

Samsung за првпат го прикажа јавно овој уред при крајот на минатата година, меѓутоа не беше достапен за новинарите, односно беше прикажан само од бината, а беше и „сокриен“ со заштитна маска, па не добивме претстава за тоа како ќе изгледа.

За време на Unpacked идната среда во Сан Франциско, каде Смартпортал ќе присуствува со претставник, веруваме дека ќе биде прикажан уредот во неговата финална форма. Доколку биде достапен за разглдување од страна на присутните, ќе можете да го видите преку видео на нашата страна.


ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВиз Ер Скопски маратон годинава ќе се одржи на 4-ти мај, датумот е поместен поради одржување на претседателските избори
Следна статијаДетална листа со спецификации на Galaxy S10 пуштена неофицијално
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.