Shutterstock.com

Кога се во прашање камерите кај смартфоните, Samsung ги има едни од најдобрите на пазарот. Тоа не треба да изненадува, сепак се производителот број 1 во светот на смартфони, па не би го имале тоа место со просечни камери кај своите уреди.

Според информации од познатиот Ice universe преку Twitter, Samsung спрема нов сензор којшто ќе го вградува во камерите од своите нови уреди. Според него, првиот уред којшто ќе го користи новиот сензор не треба да се очекува дека ќе биде Note 10 којшто ќе биде претставен на 7 август, па тој лично го најавува за Galaxy S11.

Сензорот којшто моментално се користи ќе биде повторно и за последен пат вграден во Galaxy Note 10, по што новите уреди ќе го имаат новиот сензор, а кога викаме новите уреди, тоа најверојатно ќе значи уредите од идната година.

Моментално „првото“ место по бројот на пиксели барем, се камерите со сензор со 48 мегапиксели, па сензорот од Samsung дефинитивно ќе привлече внимание.

Бројот на пиксели не е секогаш пресуден за квалитетот на сликата, а посебно што сликите од мобилните во главно се разгледуваат преку самиот уред или преку компјутер, па не се потребни пиксели како да ќе се печати билборд.

Сепак, новите сензори за кои во главно се истакнуваат пикселите, донесуваат низа на други новини кои ја прават сликата одлична, а на тоа треба да се додаде и вештачката интелигенција кај телефоните која помага во тоа да се извади најдобрата можна слика од тој сензор.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.