На 12 ноември оваа година, корисниците на ланската верзија од Windows 10, поточно верзијата 1803 која беше пуштена минатиот април, веќе нема да имаат поддршка за својот систем.

Причината за тоа е што секоја верзија од Windows 10 има по 18 месеци поддршка, по што корисниците треба да инсталираат некоја од поновите. Со оглед на тоа што Windows 10 добива по две верзии годишно, поддршката за овие верзии од 18 месеци е повеќе од доволна.

Сепак, како што отсекогаш било, голем број на корисници не сакаат да се „замараат“ со процесот на надградба на понова верзија, а за тоа не помогна и ланската верзија која беше пуштена во октомври, па потоа прекината поради проблеми.

Microsoft најави, па од 16 овој месец, почнува со реализација на најавата, односно со автоматска надградба на корисниците кои се на верзија од Windows 10 на која и се ближи крајот на поддршка.

Тоа значи дека доколку сте корисник на 1803 верзијата, Windows 10 ќе почне да ја симнува надградбата, но нејзината инсталација ќе можете да ја одложите до 35 дена, по што ќе мора да ја инсталирате.

Идејата на Microsoft е да сите корисници се на верзија од Windows 10 која има поддршка, ако веќе не се на најновата. Со средување на процесот на надградби, повеќето корисници би требало да се на најновата верзија.

Со цел да има што помалку, ако не воопшто, проблеми, процесот на надградба почнува на околу 5 месеци пред истекот на поддршката за 1803 верзијата. Пуштањето на надградбата ќе оди со помош на вештачка интелигенција, со што треба да бидат избегнати проблеми, а ако некои се јават, тие на време ќе бидат „фатени“.

Моментално најновата верзија од Windows 10 е 1903 и тоа е верзијата на која сите корисници на постара ќе бидат надградени.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаSamsung телефоните од идната година ќе имаат камера со сензор од 64 мегапиксели
Следна статијаFaceApp апликацијата која доби голема популарност, стана нова тема за нарушување на приватноста на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.