Смартфонот од Samsung којшто ќе има екран на превиткување, со тоа овзможувајќи негово користење во два режима, односно смартфон и таблет компјутер, го очекуваме да биде претставен овој месец. Таа информација дојде директно од директорот на компанијата, меѓутоа не беше нагласено дали уредот ќе биде целосно изработен, дали ќе почне да се продава или ќе биде претставен само концептот на уредот кој ќе биде официјално претставен идната година.

Дека нешто од овој уред ќе биде прикажано овој месец може да се каже дека имаме дополнителна потврда, а овој пат истата доаѓа од профилот на Samsung Mobile на Facebook. Профилната слика на оваа страна е променета, истата е превиткана, односно потсетува и асоцира на уредот со екран на превиткување кој го чекаме.

Тоа може да се земе како сигурна најава дека овој уред ќе биде прикажан на некој начин, односно ќе биде тема на разговор на конференцијата која Samsung jа одржува оваа недела. Повеќе информации значи може да се очекуваат до крајот на неделата, па конечно ќе знаеме што е тоа на коешто работат од компанијата.

Инаку, веќе имаме некои неофицијални информации, па се очекува овој уред да има околу 7 до 8 инчен екран кога е отворен како таблет, додека при превиткување во форма на смартфон да има околу 4 инчен екран.

Не е точно познато дали уредот ќе има два екрани, односно дали поголемиот екран ќе се затвора, по што ќе се прикаже друг екран на задната страна за користење во режим на смартфон или ќе има само еден екран како што е случајот со првиот уред на превиткување кој беше претставен минатата недела од американската компанија Royole.

Како и да е, чекањето конечно е дојдено до својот крај, па оваа недела ќе го имаме првиот поглед на уредот којшто според мене ќе ја започне новата револуција кај мобилните телефони.

Претходна статијаGoogle Maps ќе овозможи следење на бизнисите, како и нивно прикажување пред да започнат со работа
Следна статијаБританската амбасадорка во Македонија официјално го отвори фестивалот PlayUK Arcadia 2018 во Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.