Додека повеќето статии за тоа кој ќе биде првиот производител кој ќе претстави уред со екран на превиткување се вртат околу Samsung, Huawei и уште неколку од поголемите производители, мала и за нас досега непозната компанија сепак го зеде ова место пред сите други.

Royole е компанија од Калифорнија, САД и истата го претстави нивниот FlexPai, уред којшто има екран кој се превиткува и со тоа може да се користи како таблет или превиткан како смартфон.

Цената која стои на страната од оваа компанија, што значи дека уредот е достапен во продажба, изнесува 1.388 евра, што е и очекувано за еден ваков уред кој во основа заменува два.

Како што повеќе пати досега најавувавме. Ваквите уреди ќе бидат еден вид на револуција и ќе го променат начинот на којшто ги користиме нашите мобилни уреди. Кога е отворен уредот е таблет компјутер кој може да се користи со сите предности на поголем екран, за гледање на YouTube, Netflix, читање на книги и слично. Кога е време да се излезе и да се стави уредот во џеб, тој се превиткува и добива многу помала големина со што е погоден да се користи како смартфон.

Инаку, Royole FlesPai доаѓа со 7,8 инчен AMOLED екран која кога е отворен има резолуција од 1920 на 1440 пиксели и е во 4:3 формат. При преклопување се добиваат условно три посебни екрани, на предната и задната страна, како и од страната, односно превитканиот дел. Во тој случај резолуцијата на екраните изнесува 810 на 1440, 720 на 1440 и 390 на 1440.

Телефонот работи на Android 9.0, односно најновата верзија од овој оперативен систем, со посебен „скин“ додаден кој го носи името Water OS. Овој оперативен ќе се погрижи да сликата прикажана во било кој формат од уредот е прилагодена според потребите.

Покрај екранот кој се превиткува, FlexPai доаѓа и со одлични компоненти внатре. Тој работи на се’ уште не претставениот Snapdragon 8150, а има и избор од варијанта со 6 GB RAM меморија и 128 GB простор за податоци, како и 8 GB RAM со избор од 256 и 512 GB простор за податоци.

Иако оваа компанија го зема првото место на овој нов пазар на уреди, сепак очекуваме дека вистинските предводници ќе бидат поголемите компании. Од Samsung очекуваме да претстави уред којшто ќе биде потенок, а посебно во превиткана форма, а исто така да најде подобро решение за големата рамка од страната на овој уред.

ИЗВОРPhoneArena
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаНаучниците во CERN ќе се обидат да го откријат постоењето на антигравитација
Следна статијаЕден круг низ градот?! – Пријави се на Скопје на точак
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.