Како се ближи летото, се повеќе почнуваме да ги чекаме телефоните кои традиционално ги претставуваат компаниите во овој период од годината. Од Apple се очекуваат три нови модели на почетокот од есента, а за Samsung се најавува дека оваа година уште порано ќе го претстави нивниот Note уред, односно информациите говорат дека Galaxy Note 9 ќе биде претставен на 9-ти август.

Претпоставките се дека, како што обично и е случајот со модел после само една година, дека Note 9 нема да има некои посебни разлики од минатогодишниот Note 8, освен стандардните подобрувања во процесорот, камерата и слично.

Она што сепак се чека како информација е дали Note 9 ќе дојде со сензор за отпечатоци под екранот или сепак тој ќе остане на задната страна, а првиот Samsung со сензор под екранот ќе биде сепак S10 идната година.

Познатиот OnLeaks во соработка со 91mobiles, излезе со рендери, односно компјутерски рекреирани слики, за кои тврдат дека го покажуваат изгледот на Note 9. Доколку го земеме процентот на точни информации од OnLeaks до сега, може да претпоставиме дека ова навистина е официјалниот изглед на Note 9, односно шансите за погрешна информација се мали.

Од сликите може да се види дека телефонот ќе го задржи ланскиот изглед, а клучната разлика ќе биде на задната страна, односно во поставеноста на сензорот за отпечатоци. Ова исто така покажува дека сепак не треба да се очекува сензор под екранот во овој модел.

Сензорот за отпечатоци ќе биде преместен под камерата, како што е случајот со S9-ките, а ова дефинитивно е подобра позиција, кога веќе е поставен на задната страна. Позицијата е подобра поради полесно стигнување до сензорот кога е нешто по накај центарот на уредот, а и се намалува можноста да по грешка се поминува преку камерата, па истата да се замачка.

Август и не е така далеку, а во меѓувреме ќе излезат уште барем 10тина неофицијални информации, па нема уште многу да помине додека видиме каков ќе биде наредниот Note од Samsung.

ИЗВОР91mobiles
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаInstagram планира да влезе на пазарот за подолга видео содржина и да стане можна конкуренција на YouTube
Следна статијаПозитивните вибрации на Баскерфест започнуваат од Охрид
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.