Неофицијалната информација од почетокот на јули, до која дојде порталот Android Police преку нивни извори, како и обично, ќе се покаже како точна. LG ги почна првите официјални кампањи за нивниот V40 смартфон којшто треба да биде претставен во периодот што следи.

Од LG во оваа фаза имаме неколку слики, како и видео, од кои може да се видат само мал број на работи. Како што е случајот секогаш со овие таканаречени „тизер“ кампањи, добиваме само малку насоки, но без повеќе конкретни информации.

Па така, од најавата за LG V40 може да се види дека информацијата за 5 камери е точна, истото се гледа и од сликите. Како што се очекуваше, на задната страна ќе бидат достапни 3 камери, додека на предната страна ќе има двојна камера. Иако ова не би било нешто посебно ново на пазарот, комбинацијата, односно вкупниот број на камери е тоа што остава посебен впечаток кај овој уред.

Покрај камерите, во видеото и сликите се става акцент и на изработката на телефонот. Истата треба да биде пријатна и „мека“ за држење, па V40 изгледа ќе има посебно корисничко искуство на тој план.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЗошто ви треба Samsung QLED телевизор за едно од најдобрите искуства на гледање филмови?
Следна статијаFacebook ги користи сите можни информации до кои може да дојде за прикажување на реклами
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.