Во денешно време толку често се претставуваат нови модели од паметните телефони, веќе производителите и нема што ново да воведат, па понекогаш мора да се натпреваруваат со секакви потребни и непотребни функции.

Според извори на порталот Android Police, наредниот модел од V серијата на LG, односно LG V40, ќе дојде со вкупно пет камери. Три камери ќе бидат поставени на задната страна, додека на предната страна ќе има уште две.

Гледано посебно, LG не претставува нешто што не е веќе дел од некој друг смартфон. Huawei беа први кои претставија смартфон со три камери на задната страна во нивниот P20 Pro модел, додека HTC го претстави U12 Plus со двојна камера на предната страна. Она по што би се разликувал V40 е вкупната бројка на камери, односно тој би бил првиот смартфон со пет камери.

Според информациите, на задната страна, едната камера би била стандардна, втората со широк агол, додека за третата се’ уште нема информации, меѓутоа се верува дека ќе биде со поголем зум и додатни ефекти на заматување на позадината и слично.

Предните камери, покрај ефектите кои ќе им ги овозможат на сликачите на селфи, ќе овозможат и земање на точна 3Д слика од лицето на корисникот со што ќе се овозможи прецизно отклучување на уредот.

За изгледот на уредот се најавува дека ќе биде сличен со тој на G7 од оваа година, односно ќе вклучува и исечок на горната страна. Доколку екранот остане повторно LCD, повторно ќе има „проблем“ со криењето на исечокот кое е достапно софтверски.

Инаку, LG V40 треба да биде уред од високата класа, па соодветно би работел на Snapdragon 845, а за останатите карактеристики се’ уште нема информации.

Претставувањето на V40 би требало да се случи до крајот на оваа година.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаПари, секс, дрога, моќ – „Моќ“ се враќа на Pickbox
Следна статијаInstagram започна со известувањето дека ги имаме видено сите објави од изминатите два дена
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.