WinFuture.de

Според информациите, Huawei во текот на утрешниот ден ќе одржи настан на којшто конечно ќе ги претстави своите наредни модели од P серијата. Се очекува оваа генерација од оваа серија да го носи името P20, а најавите се дека ќе биде сочинета од два или три модели со нешто различни карактеристики.

Веќе можевме да прочитаме дека P20 Pro моделот ќе дојде со тројна камера која сигурно ќе привлече внимание и многу тестирања. Сигурни сме дека овој модел ќе биде одлична конкуренција на Samsung и Apple кои секогаш имаат одлични камери во своите модели.

Повторно од WnFuture.de имаме информации за што може да очекуваме, овој пат од средниот P20 модел. Па така, според нив, овој телефон ќе ги има следните карактеристики.

Huawei P20 ќе биде „нормалниот“ модел, кој ќе има и подостапна цена, а на сметка на тоа нема да има неколку од карактеристиките на Pro моделот. Екранот ќе биде со големина од 5,8 инчи, меѓутоа наместо OLED, ќе биде направен во LCD технологијата. Резолуција на овој екран треба да изнесува 2240 x 1080, што овозможува густина на пикселите од 429 ppi. Ова се разбира е поголема густина за разлика од Pro моделот којшто доаѓа со нешто поголем екран.

Како што веќе неколку пати можевме да видиме од неофицијалните слики, P20 треба да дојде со екран со минимални рамки, односно исто како случајот со iPhone X и Essential Phone, на горната страна ќе има само еден мал исечок, наместо цела рамка.

На задната страна, наместо најавената тројна камера кај Pro моделот, обичниот модел ќе има „само“ двојна камера со сензори од 40 и 12 мегапиксели. Како и секогаш, двојните камери овозможуваат многу полесно додавање одредени ефекти кои обично треба софтверски да се додадат на сликите.

Кога на сето ова ќе се додаде и Kirin 970 чипот којшто исто како кај Mate 10 Pro, доаѓа со посебен процесор за вештачка интелигенција, можностите на камерата, но и на другите поддржани апликации станува „интересна“.

P20 ќе дојде со 4GB RAM меморија, како и до 128 GB меморија за складирање на податоците. Она што се најавува е дека телефонот нема да има посебен слот за картичка, а и да е таков случајот, 128 GB се повеќе од доволни, посебно со достапните cloud решенија како Google Photos.

Мислам дека е доволно од неофицијални информации, па да почекаме до утре и да видиме што навистина ќе претстави Huawei.

ИЗВОРTechRadar
ИЗВОР 2WinFuture.de
Претходна статијаFacebook има чувано листа на повици и SMS пораки од корисниците на Android
Следна статијаMicrosoft тврди дека успешно го има „разградено“ кодот на FinFisher
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.