huawei_logo

Последните Nexus уреди беа претставени не толку одамна, па наредните се очекуваат во истиот период, односно до крајот на оваа година. Малку е рано да се почне со шпекулации, сепак од аспект на „мобилното време“ има уште доста, но тоа не значи дека нема да видиме по некоја.

Според директорот на кинеска агенција за истражување на пазарот, Kevin Yang, наредниот производител на популарните Nexus уреди ќе биде кинескиот Huawei. Тој тврди дека Google веќе го има потпишано договорот за соработка со оваа компанија за изработка на наредниот Nexus телефон.

Доколку ова се покаже како вистина, интересен е изборот на Google доколку се земе популарноста на друг кинески производител, односно Xiaomi, па некои корисници сигурно би сакале токму оваа компанија да го направи наредниот Nexus. Тоа е кога веќе се оди со кинески производител. Меѓутоа, токму популарноста на Xiaomi може да е и причина Google да оди со некој од другите, исто така познати компании.

Инаку, досегашните Nexus модели беа направени од Samsung, HTC и LG за најновите модели претставени при крајот на минатата година. Тоа е и политиката на Google, да ги менува партнерите кои што го изработуваат следниот модел.

Извор: Cnet

Претходна статијаРецензија на Citizenfour: Страв, моќ и параноја
Следна статијаGoogle Contacts со целосен редизајн и нови функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.