google-play-logo-2015

Google вчера најави дека го зголемува лимитот на APK датотеките кои што можат да бидат објавени во Play Store продавницата за апликации. Во основа се работи за лимитот за големината на апликациите кои што корисниците ги симнуваат од продавницата.

Истиот сега е зголемен на 100MB од досегашните 50MB. Во 2015 година оваа одлука е и очекувана со оглед на се поголемиот број на корисници кои што користат брз мобилен интернет со поголем месечен лимит. Исто така, тука се и подобрите хардверски компоненти кои што дозволуваат поголем простор за складирање, како и работа со апликациите.

Доколку одредени апликации се поголеми од 100MB, односно потребни се дополнителни датотеки да бидат симнати по инсталирањето на апликацијата, корисниците ќе бидат известени пред нејзиното инсталирање.

„За да им дадеме поддршка на зголемениот број на програмери кои развиваат побогати апликации и игри на Google Play, го зголемуваме лимитот на APK датотеката на 100MB од 50MB“.

Извор: Android Developers Blog, VB, TNW

Претходна статијаMicrosoft спрема свој VR кит, ќе работи со Lumia (Windows) телефони
Следна статијаSilent Circle ја лансира втората генерација на најбезбедниот телефон Blackphone
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.