Shutterstock.com

Google е дефинитивно се’ уште „кралот“ кога е во прашање интернет пребарувањето. Тоа се должи пред се во делот кој е се повеќе критикуван од конкурентите, односно во следењето на историјата на пребарувања, историјата на сурфање, историјата на користењето на апликациите од Google и слично.

Сепак, кога е во прашање пребарувањето за производи, корисниците, барем така е според Forbes, но има логика, се почесто се одлучуваат пребарувањето да го прават преку онлајн продавниците од каде би ги купиле производите, како Amazon.

Оваа ситуација треба да ја исправи, барем за Google, новата платформа која ја пуштија од компанијата за корисниците во САД, наречена Google Shopping.

Google Shopping е во основа нов дел од Google Search, кој прикажува производи од Google Store, за нивните производи, како и производи од партнерските продавници кои соработуваат со Google.

Тоа значи дека Google не планира да им конкурира директно на Amazon со изградба на складишта и достава на производи од нив, туку само да врати дел од пребарувањата за производи, назад на нивната платформа.

Производите кои се прикажуваат на Google Shopping се врз основа на информациите кои Google ги има за своите корисници, па доколку се пребарува по интернет за некој производ, таа категорија ќе биде прикажана без корисникот да мора да ја пребара.

Во блиска иднина не би очекувале дека оваа платформа би била достапна во нашата земја, но тоа некогаш може и ќе се случи.

ИЗВОРForbes
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаSamsung Galaxy Note 10 ќе биде претставен на 7 август, а еве ги најновите неофицијални информации за што е тоа што може да го очекуваме
Следна статијаHuawei се искачи за 11 места на Fortune 500
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.