2015-09-23

Почнувајќи од оваа недела на веб, а во наредните денови и на Android, корисниците на Gmail добиваат можност да ги блокираат испраќачите на пораки. За таа цел додадено е ново копче во менито до кое што се пристапува со притискање на трите точки до reply. Копчето, односно опцијата е во форма на Block „името на испраќачот“ и е лесно забележлива во менито.

Блокираните испраќачи, односно нивните пораки ќе бидат автоматски ставани во спам папката, а корисниците ќе можат да ги одблокираат преку прилагодувањата на Gmail.

На овој начин веќе нема да има потреба да ги гледате пораките од испраќачите кои што не би сакале, а исто така поради тоа што пораките ќе одат во спам папката, нема да добивате ни известувања за пристигнатата порака.

Уште една навистина корисна можност е додадена во Android апликацијата на Gmail која што е достапна на веб веќе одреден период. Се работи за Unsubscribe копчето кое што овозможува автоматско отпишување од мејлинг листите на кои што често се зачленуваме, меѓутоа подоцна ги сметаме за досадни пораките кои што стигаат. Процесот за отпишување не е сложен, меѓутоа не е ни толку едноставен и очигледен, па корисниците многу често го одложуваат отпишувањето и продолжуваат да ги добиваат пораките.

Извор: Gmail

Претходна статијаУште една можност за стипендија за студентите на Seavus Едукативниот и Развоен Центар
Следна статијаSamsung 950 Pro е најбрзиот SSD диск во светот!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.