Глобалниот Амбасадор на Интернационалната детска општествено одговорна програма “Фудбал за Пријателство“ под покровителство на компанијата Газпром, Франц Бекенбауер ќе учествува во финалните активности на овогодинешната сезона. Настаните ќе се одржат во Мадрид, Шпанија, во период од 28. Мај до 2. Јуни , во рамки на УЕФА Лигата на Шампиони 2019.

Мадрид ќе стане главен град на клучните настани од проектот “Фудбал за Пријателство“. Повеќе од 800 учесници од различни земји од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, меѓу кои и 12 годишни Млади Фудбалери и Млади Новинари, ќе бидат дел од финалните настани.

Интернационалниот Камп на Пријателството ќе овозможи специјални предавања за Младите Учесници. Во рамки на кампот ќе бидат обединети спортски, хуманитарни и едукативни програми. Учесниците ќе можат да ги претстават своите вештини на Светското Првенство во Фудбал за Пријателство 2019, каде Младите Фудбалери ќе бидат дел од 32 Интернационални Тимови на Пријателство. Според уникатниот принцип на Фудбал за Пријателство, деца од различни националности, пол и физички можности ќе играат заедно во еден тим.

За прв пат, Интернационалниот Форум на Фудбал за Пријателство ќе опфати една целина од завршните настани на овогодинешната сезона на програмата. Учесниците во форумот се експерти во полето на развојот на детскиот и младинскиот спорт од целиот свет. Тренери, доктори од детските тимови, новинари од светски водечки медиуми, познати фудбалери, претставници на фудбалски академии и федерации ќе дискутираат за подготовките на младите играчи за интернационални натпревари, нови методи за спортска едукација, принципи за формирање успешен детски тим, начини на професионален развој на Младите Фудбалери.

Оваа година, еден од говорниците на форумот ќе биде и светската фудбалска легенда, двократниот добитник на “Ballon d’Or“ – Франц Бекенбауер (Franz Beckenbauer).

Во Мадрид, Франц Бекенбауер, како Глобален Амбасадор на проектот, ќе се сретне со младите учесници и ќе им раскаже за своите спортски искуства, интересни случувања од неговата професионална кариера и ќе го сподели знаењето кое им е потребно на спортистите почетници за постигнување на врвни резултати.

Учесниците во завршните настани на оваа сезона на проектот ќе имаат можност да го проследат и финалниот натпревар на 2019 УЕФА Лигата на Шампиони на Стадионот “Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Навистина е голема чест да се биде дел од ’Фудбал за Пријателство’, Интернационалната Општествено Одговорна Програма на компанијата Газпром. Вредностите кои се промовирани од страна на Младите Учесници од различни земји се безвременски – без идејата за еднаквост, љубезност и праведност, не може да се замисли балансиран свет. Соединувањето на деца кои имаат желба да меѓусебно да соработуваат и да комуницираат е главната цел, затоа што способноста за компромис, пронаоѓање на заеднички јазик со најразлични луѓе е клучот за успехот во животот, без разлика дали ќе одберат професионално да се занимаваат со спорт или пак нивен избор ќе биде друга кариера.” – изјави Глобалниот Амбасадор на проектот “Фудбал за Пријателство“, Франц Бекенбауер.

Среќна сум што проектот ’Фудбал за Пријателство’ ми дава можност да запознаам професионални фудбалери и што оваа година во Мадрид ќе се запознаам и ќе разговарам со вистинска фудбалска легенда – Франц Бекенбауер! Одлично е да се биде дел од ваков глобален проект поддржан од познати спортисти од целиот свет! За мене ова е одлична мотивација да продолжам да го следам својот сон. – нагласи Софи Фолдс (Sophie Folds), 12 годишен Млад Амбасадор на проектот од Вашингтон, САД.