Пред само неколку години, преку истражување на актуелната економија на САД и навиките на луѓето кои живеат во урбани средини, Forbes ги информираше читателите дека иднината на недвижностите се наоѓа во енергетски ефикасните домови. Оттогаш, градежните компании од целиот свет почнаа да го користат ова истражување како совет за во иднина, и почнаа да се фокусираат на градење на токму такви – недвижности кои максимално ја искористуваат енергијата, притоа придонесувајќи за екологијата и чистата и здрава околина.

Надградувањето на старите станови во енергетски ефикасни домови и работни простории е добра идеја, но во најголем дел од случаите, тоа е апсолутно неисплатливо и постои закана дека таквиот „ретрофитинг“ ќе нанесе поголема штета на природата отколку што ќе делува во нејзина заштита. Законските регулативи за енергетска ефикасност во земјава полека вродуваат со плод, но напредуваат многу бавно. Од таа причина, експертите советуваат дека купувањето на станови во нови згради, изградени од доверливa компанија, се далеку попаметна и поисплатлива инвестиција.

Зошто енергетски ефикасниот стан е добра инвестиција?

Во прв план, енергетски ефикасните станови придонесуваат за многу помали сметки за луѓето кои живеат во нив, но тие исто така искористуваат помалку природни ресурси – со што директно делуваат кон заштита на природата. Иако почетната инвестиција за купување на станот е малку повисока, станарите би требало да бидат охрабрени од фактот што инвестираните средства ќе им се вратат во само две до три години, преку плаќање на значително помали сметки и уште поважно – повисок квалитет на живот. Енергетски ефикасното живеење, самото по себе, не значи заштеда на енергија, бидејќи во ниеден случај не се откажувате од енергијата. Тоа едноставно значи дека енергијата се искористува на најпаметен начин. Проценките велат дека инвестирањето во енергетски ефикасен стан, во комбинација со неколку мали измени во секојдневниот живот, можат да ги намалат годишните трошоци за 40%.

Преку биоклиматската архитектура, која ги зема предвид климатските услови и влијанието на животната средина за да постигне термичка и визуелна удобност во внатрешноста, современите градежни компании наоѓаат начин да изградат објекти кои ќе го поминат тестот на времето. Биоклиматскиот дизајн на овие градби се состои од: одбирање на вистинска позиција и облик на објектот, користење на висококвалитетни материјали, добра вентилација, херметички затворена градба и квалитетна фасада и изолација. Ваквиот тип на градба создава услови за максимално искористување на сончевата енергија и другите природни извори кои ги нуди животната средина, наместо да работи против нив преку елиминирање на нивните ефекти.

Следејќи ги најсовремените практики во градежната индустрија, Limak ќе ги покаже сите придобивки од енергетски ефикасните градби со проектот „Diamond of Skopje“, кој за неколку години ќе се издигне во центарот на главниот град. Мултифункционалниот комплекс не само што ќе ја заштити природата, туку и ќе ја унапреди животната средина со поставување на 11.000 квадратни метри зеленило, кои ќе придонесат за разубавување на градот и намалување на температурата во околина на комплексот. А подземниот булевар кој исто така го гради Лимак, ќе обезбеди растеретување на сообраќајниот метеж во овој дел од градот. Limak се води според максимата „Исполнување на денешните потреби без да се загрозат потребите на иднината“, што јасно ја покажува нивната визија и пристапот кон креирање на одржлива и здрава околина за живеење.

Во текот на последните неколку години, прашањето за зачувување на животната средина и природните ресурси беше ставено во фокус на глобално ниво. Оттаму, енергетски ефикасните станови и објекти станаа начин преку кој луѓето, со паметно користење на ресурсите, истовремено ја зачувуваат природата и значително ги намалуваат нивните трошоци.

Претходна статијаFacebook ќе овозможи исклучување на црвените точки за известувања кои ги има на иконите на горната лента
Следна статијаНевидено ниски цени на Sport Vision Bazaar