Скопје, (13.11.2019) Во ноември нѐ очекува најголемата спортска распродажба видена до сега во Македонија – Sport Vision Bazaar. Распродажбата е организирана од страна на компанијата Sport Vision под мотото #СпортизирајСе со невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar од 15ти до 24ти ноември 2019 во спортската сала „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Најавена е супер богата понуда со голем избор на спортска облека, опрема и обувки за сечиј вкус и лавина од спортски попусти.

Инаку, компанијата Sport Vision во Македонија е присутна веќе 8 години и полека но сигурно прерасна во препознатлив бренд кој успеа да се поврзе со потрошувачите како со достапните цени, така и со квалитетот и асортиманот на колекции и брендови во својата понуда кои го одразуваат личниот стил и карактер. Sport Vision е партнер на водечките светски брендови како Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Timberland, Converse и други, како и лиценциран партнер за производство и дистрибуција на реномираните спортски брендови Champion, Umbro, Lotto, Ellesse, Lonsdale и други.

Од Sport Vision најавуваат дека она што ќе можеме да го видиме во Расадник во наредните 10 дена е нешто многу повеќе од обична распродажба и дека ќе ги надмине сите наши очекувања. Ќе бидат понудени сите можни категории на облека и обувки: зимски-летни, машки-женски, детски, за фудбал, за трчање и тренинг, итн. по цени кои досега не се видени во нашата земја.

Освен неверојатните попусти, предвидени се и одлични изненадувања и подароци за најсреќните купувачи. Секој ден ќе се подарува по еден велосипед, еден комплет тренерки+патики+јакна и еден утешен сет ранец+пешкир, додека на крајот на Sport Vision Bazaar на 24.11 компанијата на најсреќниот меѓу најсреќните ќе му додели ваучер за патување за двајца.

Претходна статијаЕнергетски ефикасни станови: Заштита на околината, но и заштеда на вашиот буџет
Следна статијаFacebook го претстави Facebook Pay за плаќање преку Messenger, Instagram и WhatsApp