Со секоја нова верзија на познатиот open source оперативен систем Ubuntu има и нова стандардна (default) позадина која што е поставена кога првпат го вклучувате системот. Сите позадини кои што до сега биле на Ubuntu се навистина интересни и голем број од корисниците ги користат, иако се разбира постои можноста за поставување на која сакате слика како позадина.
Позадината која што ќе биде стандардна за новата верзија Ubuntu 14.04 која што треба да излезе идниот месец, веќе е избрана, па истата можете да ја симнете и користите пред официјалното излегување со оперативниот систем. За да ја симнете сликата, притиснете на неа и зачувајте ја со притискање на десното копче од маусот.