Screen-Shot-2014-03-11-at-10.26.04-AM-640x325

Google направи неколку промени во дизајнот и функциите при прикажувањето на резултатите од пребарувањето преку десктоп прелистувачите. Поточно се работи за промена на изгледот на резултатите, како и промена во начинот на прикажување на рекламите.

Ќе забележите дека фонтот на резултатите сега е видливо поголем, а исто така тргната е и линијата која што се појавуваше под насловот на резултатите. Исто така рекламите кои што досега беа прикажувани во посебна рамка со различна боја од остатокот, нешто што треба да ги издвои од другата содржина, сега тие се означени со зборот реклама (ad) кој што е означен со жолта боја. Ваков начин на означување на рекламите веќе се користи во мобилната верзија на Google Search.

Извор: Mashable

Претходна статијаБритански и Германски универзитети ќе работат на истражување и развој на 5G технологија
Следна статијаСимнете ја новата стандардна позадина на Ubuntu 14.04
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.