david-cameron-cebit

Како што нагласи во својот говор Британскиов премиер David Cameron на годинешниот CeBIT настан кој што се одржува во Хановер, Германија, неколку универзитети од Британија и Германија ќе работат на истражување и развој на наредната генерација за безжична комуникација, таканаречената 5G технологија. Универзитетите кои што ќе работат на истражувањето се University of Dresden, King’s College University во London и University of Surrey.

Иако не беа изнесени конкретни планови и информации, сепак е интересно да се види дека развојот на безжичната технологија не застанува, па само може да замислиме што се ќе биде возможно преку неа. Сепак моментално сеуште се чека целосно прифаќање и распространување на 4G технологијата во повеќето земји, па размислувањата за 5G се разбира се за иднината, односно не треба да ја очекуваме оваа технологија оваа година.

Минатата година имаше ваква најава за истражување и развој на 5G технологијата од страна на Huawei, од каде што најавија вложување на 600 милиони долари за таа цел. За споредба 3G технологијата која што моментално е најмногу користена кај нас овозможува брзини на симнување од 7 до 56 Mbps. 4G технологијата овозможува брзини на симнување од 100 Mbps, па се до 1 Gbps. 5G технологијата се очекува да ја покачи границата на 10 Gbps, но со оглед на тоа што сеуште е во развој, не се знае точно колку ќе изнесува истата.

Во својот говор премиерот исто така најави зглемување на средствата достапни од буџетот за фирмите кои работат во развојот на Internet of things. Ова е израз кој што се користи за сите уреди кои што денес добиваат можност за поврзување на интернет и користење на посложен софтвер во нивната работа, односно уреди како фрижидерите, клима уредите и слично.

Сликата е преземена од v3.co.uk

 

Претходна статијаВоведена можност за наплата на екстензиите и темите за Google Chrome
Следна статијаGoogle направи промени во изгледот на резултатите од пребарувањата на десктоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.