XS3_77

Повеќето паметни часовници, посебно од познатите производители, се наменети да работат во комбинација со вашиот паметен телефон. Тие имаат одредени нивни независни функции, меѓутоа повеќето прилагодувања, како и повиците се прават преку телефонот. Тоа не е воопшто чудно или можеби недостаток на овие часовници затоа што во денешно време скоро и да нема човек без паметен телефон, посебно човек кој што би купил некој од достапните паметни часовници.

Меѓутоа една компанија сметка дека тоа не мора да биде така, па нивниот паметен часовник ги има сите функции на мобилен телефон. Се работи за XS-3 моделот од Exetech кој што работи на Android оперативниот систем заедно со сите апликации и можности што ги нуди истиот. Така добивате паметен часовник која што има и SIM картичка, па може директно да прави повици, да добива пораки, да користи интернет и слично.

Extreme XS-3 доаѓа со 1,54 инчен екран на допир со резолуција од 240 x 240 пиксели. Работи на двојадрен процесор MediaTek MTK 6577 и има сопствена меморија за складирање на податоци од 2 GB. На долниот дел од часовникот има батерија која што може да се отвори, односно батеријата претставува и поклопец, па со нејзино отстранување се пристапува до micro SIM слотот, како и слотот за microSD картичка која што може да биде до 32 GB. Батеријата е со капацитет од 420 mAh, па можете да претпоставите дека работата со овој часовник се мери во часови, а не во денови.

Очекувано овој паметен часовник е прилично дебел, односно неговата дебелина изнесува 1,76 cm. На двете страни се поставени по две копчиња кои што служат за навигацијата во оперативниот систем, а до нив од едната страна е поставена камера со 2 мегапиксели, а од другата страна micro USB портата за полнење на уредот.

Иако постои можноста за инсталирање на апликации од Play Store, сепак не се очекува дека сите апликации би можеле да функционираат на овој екран.

Иако интересен концепт за љубителите на технологијата и геџетите, меѓутоа вакво нешто сепак може да изгледа како непотребно. Дали би користеле ваков часовник, наместо некој од другите паметни часовници за кои што е потребен мобилен телефон ?

Претходна статијаСимнете ја новата стандардна позадина на Ubuntu 14.04
Следна статијаNvidia ја претстави новата GeForce 800M генерација на графички процесори за лаптоп компјутерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.