Samsung го претстави долгоочекуваниот екран којшто е еластичен и може да се превиткува. Наречен Infinity Flex, овој екран ќе овозможи уреди кои ќе се користат како таблет компјутери и смартфони во исто време, поради можноста за превиткување и со тоа добивање на две големини во еден уред.

Како што можевме да видиме на презентацијата на екранот, тој ќе биде со големина од 7,3 инчи кога е отворен и се користи како таблет компјутер. При затворање, кое се прави навнатре, уредот се користи со вториот екран наменет за користење како смартфон и тој има големина од 4,58 инчи.

Она што остана неодговорено е кога Samsung ќе претстави официјален уред со овој екран и кога истиот ќе може да се купи, како и по која цена. Неофицијални информации и анализа од Yonhap News Agency, новинска агенција од Јужна Кореа, ни ги дава овие информации кои верувам дека ќе се покажат како точни.

Според нив, Samsung Galaxy F ќе биде официјалното име на уредот. Тој ќе биде претставен во март идната година, заедно со 5G верзија од тогаш веќе претставениот Galaxy S10. Galaxy F нема да има поддршка за 5G според информациите.

За овој уред се планираат околу 1 милион на продадени единици, што кога ќе се земе во предвид новата технологија и цената, не е чудно. Сепак ова ќе биде прв ваков уред од компанијата, па со тек на време ќе почне да се продава во поголеми бројки.

Цента по која треба да се продава овој уред се најавува дека ќе изнесува околу 1.770 долари, односно околу 1.570 евра, а тоа е околу 97.000 денари. Оваа цена сепак не е дефинитивно одлучена, но кога ќе се земе во предвид дека Note серијата, како и конкурентните уреди, се продаваат по цена од над 1.000 евра, еден ваков нов и револуционерен производ, сигурно ќе се продава по најмалку 1.500 евра.

ИЗВОРYonhap News Agency
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGoogle тестира нов систем за надградба на апликациите во Android кој ќе овозможи поголема ажурност на истите
Следна статија10 години Биткоин: 10 колумни на Смартпортал
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.