https://www.mobileappdaily.com/2018/11/1/bitcoin-10-year-anniversary

На 31 октомври 2008 година Satoshi Nakamoto го објави white paper-от „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System во кој објаснува како „чиста peer-to-peer верзија на електронски кеш ќе овозможи директни онлајн плаќања од еден кон друг субјект без посредство на финансиска институција“. Биткоин е роден.

Во период од 10 години Биткоин стана од underground иновација на една мала група генијални cypherpunks во бизнис кој тежи над 110 милијарди долари. Блокчеин технологијата се смета за една од најголемите иновации во финансиите во последните 10-20 години.

Првиот текст на Смартпортал за Биткоин го објавивме на 30.03.2015, кога вредноста на 1BTC се движеше до 500$ (денеска вредноста е ~6,000$). Во продолжение е селекција од 10 текстови за 10 годишната на Биткоин кои ви препорачуваме да ги прочитате:

  1. Биткоин: за што станува збор (дел 1, дел 2): Како што спомнавме, ова е првиот текст на Smartportal (па и еден од ретките на македонски портали) за Биткоин и криптовалути. За нас барем, текстот е историја.:)
  2. Како започнува крипто приказната (дел 1, дел 2): После извесен период, кога веќе Биткоин стана household term, почнавме повторно да го следиме нејзиниот развој интензивно. Во текстот објаснуваме дека Сатоши во Биткоин всушност ги имплементира голем дел од најдобрите идеи од сајфер-панкс заедницата, вклучувајќи ги и монетарните идеи од Австро-економската школа.
  3. Коментар на ставот на НБРМ дека е рано за блокчеин: Како со секоја нова иновација, оној кој меѓу првите ќе се позиционира на глобалниот пазар како храбар иноватор ќе биде оној кој ќе има најголем бенефит. Останатите, како нас, ќе им плаќаме за нивните решенија. Рано е, амо само за оние кои спијат до доцна.
  4. Дали Биткоин е измама?: Нормално дека не, ама во оваа колумна ги адресиравме дел од најчестите грижи/критики дека Биткоин е измама.
  5. Кој е Сатоши Накамото?: Пробавме да дадеме наше аргументирано well-researched мислење кој се крие позади псевдонимот кој е креатор на Биткоин. Сеуште сум на ист став.:)
  6. Каков е правниот статус на Биткоин во Македонија?: Нашиот одговор после анализирање на Уставот и законите? Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.
  7. Дали вложување во Биткоин е сѐ уште добра идеја?: Според лајкови, ова е наш најчитан текст. Сеуште нашиот одговор на ова прашање е позитивен. Само внимавајте: начинот на кој што е мудро да се гледа во инвестирањето во биткоини е само како долгорочно штедење, со инвестирање на капитал без кој може да живеете.
  8. Важни датуми за Биткоин – и што значат: Од година на година верувам дека оваа листа ќе се проширува со значајни моменти и е далеку од исцрпна, но за старт е добро секој крипто ентузијаст да ги знае овие датуми.

Среќна 10годишнина за Биткоин (иако нумерирано се 8текстови, првите два се по две колумни:)).

Претходна статијаКога ќе биде претставен, како ќе се вика и која ќе биде цената на смартфонот од Samsung со екран на превиткување?
Следна статијаCloudFlare претстави мобилни апликации за својот 1.1.1.1 DNS сервис
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.