The Verge

Како што очекувавме, денес на Samsung Developer Conference 2018, Samsung го најави уредот којшто работи со еластичен екран кој може да се превитка и со тоа да му овозможи два формата на функционирање, како смартфон и како таблет компјутер.

Името на уредот, како и неговиот изглед сепак останаа за во иднина. Уредот дури беше обвиткан во посебен дел кој го крие дизајнот, кој претпоставувам дека се’ уште не е завршен, па можеше да се види само екранот.

Главната најава беше самиот екран кој го носи името Infinity Flex. Овој екран моментално е со големина од 7,3 инчи кога е отворен како таблет. Она што не бевме сигурни е како ќе се превиткува уредот, па испадна дека сепак информациите биле точни. Уредот ќе се затвора спрема неговата внатрешна страна, што значи дека кога ќе се затвори како смартфон ќе се користи со посебен екран сместен на задната страна.

На презентацијата Samsung се осврна на тоа како нивните екрани еволуираат со тек на време, па дека веќе се дојдени до големина која е граница. Еластичниот екран овозможува да се продолжи со еволуцијата на екранот, па корисниците сега ќе имаат уште поголем екран за кога тоа им е потребно, но со превиткување се добива многу помал уред кој ќе може лесно да се носи во џебот.

Софтверот исто така ќе има нови функции кои ќе овозможат непречена работа од еден во друг режим, односно без прекин на апликациите кои се користат. Од Samsung исто така прикажаа и можност за користење на повеќе апликации наредени една до друга кога уредот се користи во режим на таблет.

Од компанијата најавија дека телефонот официјално ќе биде претставен во месеците што следат, па јас верувам дека предност ќе добие прво јубилејниот Galaxy S10, пред да биде претставен потенцијално револуционерниот Galaxy со екран на превиткување.

Претходна статијаКомпанијата Samsung овозможува 5 години гаранција на одбрани “UHD” и “QLED” ТВ уреди
Следна статијаSuper Mario анимиран филм е во план од продуцентот на Dispicable Me
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.