Паметните часовници никогаш не ја достигнаа популарноста, а со тоа и продажбата како што се очекуваше кога тие почнаа помасовно да бидат претставувани. Можеби причината е во тоа што корисниците не добиваат доволно предности за да се оправда уште еден уред којшто треба редовно да се полни заедно со смартфонот.

Сепак, една област во кој паметните часовници се покажаа како популарни е фитнес „тракингот“, односно како уреди кои се одлични за следење на фитнес активностите на корисникот. Ако на ова се земе во предвид Apple Watch кој Apple веќе одреден период го гледа и како уред за следење на здравствената состојба на корисникот, не е чудо што овој уред е еден од најмногу популарните на пазарот.

Според оглас за работа објавен од страна на Apple, може да се претпостави дека од компанијата сериозно го сфаќаат нивниот Apple Watch, па тие самите сакаат да ги развиваат чиповите и сензорите за новите генерации од овој паметен часовник.

Огласот конкретно ја нагласува потребата од развивање на сензори кои се поврзани со следење на фитнес активностите на корисникот како и неговото здравје, со што се покажува посветеноста на Apple во оваа област.

Можевме повеќе пати да прочитаме за точноста на Apple Watch кога се во прашање здравствените информации, а овој уред и официјално е одобрен за одредени мерења од страна на американската FDA.

ИЗВОРT3
Претходна статијаМакпетрол ги додели наградите од четвртото редовно и второто мастер коло од „Верна повторно наградува“
Следна статијаGoogle го промени објаснувањето за „Location History“ по откритието дека исклучувањето не значи и крај на зачувувањето на локацијата на уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.