Оваа недела можевме да прочитаме за тоа дека Google ја следи и зачувува историјата на локации на уредите и откако опцијата за истото е исклучена, односно откако Location History се става на пауза.

Исклучувањето на оваа опција ја исклучува можноста корисникот да ја гледа секоја посетена локација поделена по дата, меѓутоа Google продолжува да ја зачувува историјата. Причината за тоа е што во прилагодувањата на Google сметката има уште една опција која го прави истото, а тоа досега не беше јасно истакнато од страна на компанијата.

Web & App Activity е другата опција која исто така ја добива локацијата на уредот и ја зачувува на неговата сметка. Тоа го прави при вклучување на Maps апликацијата, на пример, при проверка на временската прогноза, пребарување на работи и кои не се поврзани со локација и слично.

Исклучувањето на оваа опција е тоа што става крај на следењето на локацијата на корисникот, барем колку што може реално да знаеме.

Истражувањето за оваа практика го објави Associated Press, а по нивната статија Google реши да ја промени страната на која ги објаснува своите опции. Па така, во делот за Location History веќе не стои дека исклучувањето на оваа опција го прекинува следењето на локацијата, односно истакнува дека оваа опција не ги исклучува другите кои се поврзани со локацијата на уредот.

Google не се реши да ја промени практиката или да ги спои локациските сервиси во една опција, па се реши да тоа што го прави само појасно го истакне.

Сепак, на сите во денешно време ни е јасно дека со мобилните телефони и технологијата, веќе не постои реална приватност, меѓутоа ретко кој е засегнат од истото.

ИЗВОРAP
Претходна статијаApple ќе ги развива чиповите за идните генерации од Apple Watch кои ќе имаат уште подобри фитнес и здравствени функции
Следна статијаNokia најави претставување на нов телефон за утре, 21 август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.