BGR

Паметните часовници никогаш не ја добија популарноста која се очекуваше од производителите на почетокот од нивното прво претставување и почеток на продажба. Изгледа дека сепак корисниците не се спремни да имаат уште еден уред којшто треба да го полнат барем 2-3 пати во текот на неделата, за реално не доволно големи придобивки за да може да се оправда сето тоа.

Сепак, бројот на паметни часовници, односно нивната продажба, не е толку мал, па производителите не се откажуваат од нивно понатамошно претставување, а тука се разбира се и Apple чиј часовник е можеби и најпопуларен.

Според неофицијални информации од неколку извори, наредната, односно четврта генерација од Apple Watch ќе дојде со значителна надградба на изгледот. Со оглед дека ова е веќе година и повеќе тренд кај мобилните телефони, прашање на време беше кога ќе се примени и на паметните часовници.

Конкретно мислиме на зголемувањето на екранот на уредот без потреба од зголемување на неговите димензии, со намалување на рамката околу екранот. Ова е нешто што се најавува за Apple Watch, а зголемувањето на екранот се најавува за 35-38% во споредба со моменталниот модел.

Ова дефинитивно ќе му даде многу подобар изглед на часовникот, а и ќе придонесе до нешто подобро корисничко искуство и прегледност на информациите.

ИЗВОРBGR
Претходна статијаHUMU Augmented Audio Cushion е перниче со вграден звучник
Следна статијаIBM ќе ја користи вештачката интелигенција на Watson за проценка на идните перформанси на нивните вработени
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.