Компаниите обично проценката на своите вработени ја прават врз основа на завршената работа, односно на нешто што веќе е поминато и може да се измери. Така тие вработени кои имаат повеќе завршена работа, како и истата е завршена со повисоко ниво на способност, односно помалку грешки, добиваат унапредување, повисока плата, бонуси и слично.

Ова се разбира во главно важи за компаниите во развиените земји, а во нашата, дури и ова не функционира баш на овие ќе каже човек, основни и логични фактори.

IBM, кои стојат зад развојот на познатиот Watson компјутер, односно вештачка интелигенција, планираат да го однесат проценувањето на нивните вработени на наредно ниво. Тие, наместо да ја прават проценката врз основа на завршената работа, ќе ја користат вештачката интелигенција да проценат што може да се очекува од вработените во иднина.

Како што би можело да се замисли, Watson, врз основа на минатата работа на вработениот, ќе може да извади одредени заклучоци и предвидувања за тоа што може да се очекува од тој вработен во иднина.

Се разбира ова е можно да се направи и од страна на луѓе, меѓутоа непристрасноста, можноста за земање на илјадници фактори во предвид, брзината на проценката, а и на крајот бројот на проценки во краток период, сепак не може да се направи ни приближно точно како од страна на компјутер.

Од IBM истакнуваат дека досега проценките и предвидувањата на овој начин се со 96% точност.

Ова е дефинитивно интересен концепт кој може да придонесе до поголемо мотивирање на вработените поради тоа што многу порано ќе се открие и награди потенцијалот на способните и амбициозните вработени. Тие нема да треба да чекаат години за да бидат ценети во нивната компанија.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2TNW
Претходна статијаЧетвртата генерација на Apple Watch ќе има поголем екран со помали рамки околу него?
Следна статијаApple ги замени сликите од своите директори на нивната страна со Memoji слики
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.