OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Како се ближи пролетта, кога треба да биде пуштена наредната поголема надградба на Windows 10, Microsoft повеќето функции кои ќе бидат достапни ги тестира преку Insider верзиите од системот.

Во најновата верзија, покрај другите новини, достапен е нов режим во Power Options наменет за корисниците кои сакаат да извадат максимум од својот хардвер. Овој режим ќе биде достапен само на Windows 10 Pro for Workstations, односно верзија од оперативниот наменета за појаките десктоп машини. Тоа значи дека за почеток оваа можност нема да им биде достапна на корисниците на лаптоп и таблет компјутери, но од компанијата оставаат простор тоа да се промени.

Од Microsoft не покажуваат тестови или други показатели за тоа колку повеќе моќ ќе може да очекуваат корисниците со овој режим. Во основа, овој режим дополнително ќе ги тргне ограничувањата на ресурсите кои стандардно се користат од оперативниот систем поради заштеда на енергија.

Како што истакнуваат во својот блог, Ultimate Performance се надоградува на моменталниот High Performance, одејќи чекор повеќе во елиминирањето на микро латенциите поврзани со нови прилагодени техники за менаџирање со енергијата на уредот.

ИЗВОРExtremeTech
ИЗВОР 2Windows Blogs
Претходна статијаWhereisroadster.com – сајт посветен на патувањето на Tesla Roadster-от
Следна статијаХарвард и МИТ први воведуваат курс за етика во вештачката интелигенција
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.