whereisroadster
Media: SpaceX

Автомобилот кој беше испратен на вселенско патување со помош на најмоќната ракета на денешницата го продолжува своето патување. Најдоброто од се е тоа што ова историско патување можете да го следите преку веб страна посветена токму на тоа.

Tesla Roadster-от беше натоварен на Falcon Heavy ракетата и изведе успешно полетување на 6-ти февруари. Во меѓувреме тој се оддалечи од планетата околу 2,1 милиони милји во правец на планетата Марс. Веб страната whereisroadster.com ја следи траекторијата на движење според параметри преземени од NASA. Покрај траекторијата на сајтот може да се најдат и занимливи информации во врска со претпоставената брзина или „локациите“ на кои таа ќе се најде за извесно време.

За сега познато е дека автомобилот ќе помине покрај Марс, меѓутоа нема да влезе во неговата орбита. Tesla-та ќе се најде близу ова вселенско тело за прв пат дури во октомври 2020-та. Тогаш ќе биде на „само“ 0,05AU (Астрономски единици) од површината на Марс. Преведено на јазикот на нас овоземните, тоа се од прилика 7,5 милијарди километри. Според пресметките автомобилот ќе се врати во насока на планетата Земја, меѓутоа истото ќе се случи не порано од 2091.

ИЗВОРEn Gadget
ИЗВОР 2Whereisroadster.com
Претходна статијаТвитер по 12 години конечно стана профитабилен
Следна статијаMicrosoft тестира Ultimate Performance режим за најзахтевните корисници