После 12 години постоење како јавна компанија, Твитер конечно објави дека е профитабилен во последната четвртина од 2017 година. Компанијата објави дека токму во тој период од годината успеала да профитира со околу 91 милиони долари.

Профитабилноста не е единствената добра вест за Твитер годинава. Приходите исто така почнаа да им растат, достигнувајќи висина од 732 милиони долари. Ова е зголемување од вкупно 2 проценти, споредено со висината на приходите истото време во 2016 година.

“Последната четвртина од 2017 беше силен финиш на годината”, рече Џек Дорси, основачот на Твитер. “Го вративме растот на приходите и ја остваривме нашата цел за профитабилност. Горд сум на постојаниот напредок што го постигнавме во 2017 година и уверен сум дека ќе продолжиме да ги остваруваме нашите цели и понатаму”, дополни основачот на Твитер.

Како и да е, тие што подолго го следат Твитер знаат дека растот на популарната социјална мрежа не беше вооппшто едноставен. Твитер имаше доста проблеми во текот на својот развиток. Покрај проблемите да оствари профитабилност, тимот мораше да се откаже од двата продукти кои ги развиваше: апликацијата Vine и платформата за девелопери Fabric која ја продаде на Гугл. Сепак, профитабилноста е супер. Но, како што вели Дорси, станува збор за избор.

jack dorsey, twitter

“Целата суштина е во тоа дека треба да направите избор помеѓу остварување профит и инвестирање. Ние веруваме во тоа дека имаме огромна можност да инвестираме и да го развиеме нашиот бизнис”, рече Дорси од седиштето на компанијата во Даблин.

Како и да е, едно од големите прашање со кои се’ уште се соочува Твитер е автентичноста на публиката. Истрагата на популарниот весник “Њујорк тајмс” откри компанија која продава ботови, вклучувајќи ја и членката на одборот на Твитер, Марта Лејн Фокс, со преку илјадници лажни следбеници. Ова се’ уште е едно од поголемите проблеми со кои се соочува компанијата. Тие дефинитивно мора да работат на овој проблем доколку сакаат да останат компетитивни на маркетот. Сепак, со последните новости евидентно е дека има напредок.

Да се надеваме дека работите ќе се одвиваат добро за нив и во иднина.

Што мислите вие за ова?

Пишете ни во коментар.

Претходна статијаGoogle го отстрани копчето View Image во делот за пребарување на слики
Следна статијаWhereisroadster.com – сајт посветен на патувањето на Tesla Roadster-от