Најголемиот интернет пребарувач Google го усложни начинот на „симнување“ слики од својот сервис Google Images. До сега, како што познато, при пребарување сликите лесно можеа да се видат во својата оригинална големина преку копчето View Image. Ваквата функција е елиминирана. Па сега за да се дојде до одредена слика во нејзината „природна“ големина потребно е да се направи малку посложена процедура.

Имено, ќе морате да го посетите сајтот на кој истата е закачена и да се обидете да ја отворите изолирана, во нов таб. Тоа ќе значи можно мануелно пребарување на цели страни полни со содржини. Понатаму, можност сајтот да има одреден вид на заштита која нема да дозволи едноставно преземање на слика и сл.

Ваквиот чекор доаѓа како резултат на спогодбата помеѓу Google и Getty Images. Спорот настана поради начинот на кој од Google можеа да се преземат содржини во сопственост на Getty Images. Истиот заврши со партнерство помеѓу двете компании. Во рамки на договорот е и поинаква процедура за користење, односно потранспарентно прикажување на сопственоста на содржините.

На овој начин Google само го усложни начинот на преземање фотографии. Ова дополнително може да делува збунувачки за оние помалку вештите. Меѓутоа тешко дека некого ќе премисли за користење на бесплатна слика од интернетот.

ИЗВОРThe Next Web
ИЗВОР 2Search Engine Land
Претходна статијаНовиот кампус на Apple предизвикува „мал проблем“ за вработените
Следна статијаТвитер по 12 години конечно стана профитабилен