професори, Харвард, МИТ, курс

Сведоци сме на брзата експанзија на информатиката. Особено на развојот на вештачката интелигенцијa која наоѓа примена во сите области. Сепак, без оглед на бенефитите, ИТ има и своја темна страна. Се поставуваат прашањата:

  • Што е со употребата на податоците?
  • Што кога станува збор за автономни возила?
  • Што е со автономните роботи?
  • Што е со автономните оружја?

Ова се навистина дискутабилни прашања на кои никој сериозно нема обрнато внимание, бар кога зборуваме од едукативен аспект. Се’ до сега. Овој семестар, Харвард универзитетот, заедно со институтот за технологија на Масачусетс универзитетот, првпат нудат курс за етика и регулација на вештачката интелигенција. Во напорите им се придружува и универзитетот од Тексас во Остин со курсот со наслов “Етички основи на компјутерските науки”.

Според Лаура Норен од центарот за Наука за податоците од Њујоршкиот универзитет, ние мора да ги едуцираме луѓето дека постои и темна страна на паролата “Движи се брзо и бескомпромисно”. За тие што не се упатени, тоа е најчестата фраза во Силиконската долина. Затоа, професорката Норен веќе започна да го предава новиот курс за етика во науката за податоците – пренесува Њујорк Тајмс.

вештачка интелигенција, машинско учење, опасност

Можеби главната причина зошто започна да се форсира етика во технологијата е популаризацијата на моќните алатки како машинско учење. Машинско учење, најпросто објаснето, се алготими кои автономно може да учат и решаваат задачи. Ова се постигнува со помош на анализа на големо множество податоци. Ваквите алатки имаат (потенцијално) голем и несакан ефект врз човештвото. Затоа универзитетите брзаат да им помогнат на студентите да ги идентификуваат несаканите последици пред да биде предоцна.

Генерално, идејата е да се обучи следната генерација на техничари и креатори на полиси да ги земаат во предвид последиците од иновациите. Поконкретно, тука се мисли на автономните оружја и коли кои ги споменавме претходно, пред овие продукти да почнат да се комерцијализираат и продаваат.

Како и да е, добро е што конечно се превзема нешто на оваа тема. Досега најголем прогрес по ова прашање беше носењето на регулативата за заштита на податоците. Оваа регулатива беше донесена со напор на Европскиот парламент, Европската Комисија и Советот на Европската Унија. На едукативен план не беше забележан интерес.

Да се надеваме дека и нашите технички факултети ќе се угледаат на своите колеги на темава.

Што мислите вие?

Пишете ни во коментар.

Претходна статијаMicrosoft тестира Ultimate Performance режим за најзахтевните корисници
Следна статијаСофтверот за препознавање на лице граден врз стереотип на белиот маж