mate-system-monitor

MATE е десктоп околина достапна на повеќе Linux дистрибуции, на некои официјално преку софтвер изворите, додека на други преку мануелно додавање во софтвер изворите, односно таканаречените софтвер складишта (repositories). Карактеристично за МАТЕ е тоа што е направена на ваза на веќе старата GNOME 2 десктоп околина. Популарноста на оваа околина остана на прилично високо ниво поради нецелосното прифаќање на новата GNOME 3 околина која што прилично го менува корисничкото искуство, односно начинот на интеракција со корисничкиот интерфејс на десктопот.

Од Ubuntu 10.10, Ubuntu го воведува Unity корисничкиот интерфејс кој што е направен врз GNOME 3 десктоп околината, кој што уште повеќе го менува корисничкото искуство кое што е веќе различно со новата верзија од GNOME. За оваа одлука сеуште има критики, посебно од искусните корисници на Linux оперативниот систем, па доста од нив се одлучуваат да ја користат KDE десктоп околината или некои други кои може да бидат инсталирани на Ubuntu.

unity-version-ubuntu

Корисниците на Ubuntu кои што сепак го преферираат класичното GNOME 2 искуство, од 14.04 верзијата на Ubuntu, која треба да излезе во Април, ќе можат на многу едноставен начин да ја инсталираат оваа десктоп околина. MATE ќе биде додадена на официјалните складишта на софтвер, па ќе може да се инсталира со едноставна команда во Terminal или преку продавницата за софтвер (Ubuntu Software Center). Ова е посебно добра вест за не толку искусните корисници на Linux, во овој случај Ubuntu, кои сепак не се чувствуваат доволно сигурно да работат преку Terminal конзолата, па внесувањето само на install команда, нема да им претставува проблем.

Извор: OMGUbuntu

 

Претходна статијаToyota претстави автомобил на горивни ќелии
Следна статијаSolarCooler преносен фрижидер кој работи на соларна енергија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.