20140111192354-gwsl01-solar-cooler

Секој од вас сигурно во некоја ситуација, како на пример на плажа, има видено некој од преносните фрижидери кои што најчесто ги користат продавачите по плажите, а и доста од туристите. Овие фрижидери работат на начин како што работи термосот во кој што се чува загреан или изладен пијалак, односно направен е на тој начин да не дозволува подолго време да влезе влијание од надворешната околина, односно внатрешната да излезе. Потоа во овие фрижидери се става специјално направен предмет кој што се чува во замрзнувач, па кога ќе се стави во фрижидерот зрачи ладно и ја спушта температурата.

SolarCooler оди чекор понатаму и претставува фрижидер со слична форма на претходните, што го прави лесно пренослив, кој што работи на струја и претставува вистински фрижидер. Истиот може да ја излади внатрешноста до -10 Целзиусови степени, а има капацитет од 4 литри. Струјата за работењето ја добива преку вградените соларни панели на капакот, како и вградена батерија како бекап. На струјата што ја генерираат панелите, покрај за работата на фрижидерот, може да се приклучат и мобилните телефони и слични уреди преку USB портата која е вградена на фрижидерот.

Покрај намената на овој фрижидер за плажите, за ладење на пијалаци, храна и слични работи, истиот ќе има и додатна намена која што производителите сакаат да ја постигнат. Поточно тие сакаат овој фрижидер да се користи за транспорт на вакцини и лекови во неразвиените земји каде што пристапот до електрична енергија не е секаде развиен и стабилен во секое време.

Овој фрижидер беше претставен на минатонеделниот CES2014 настан, како и на Indiegogo каде што се во фаза на јавно прибирање на средства.

Претходна статијаMATE десктоп околината ќе биде официјално достапна во Ubuntu 14.04
Следна статијаFlash додатокот нема да работи на Chromium на Linux од Април
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.