Converted_file_f04f268b

Во ова стресно, супербрзо време во кое постојано мора да бидете во тек со работите и да работите постојано, да читате постојано, да се едуцирате и информирате за најновите случувања, често знаеме да го баталиме сонот и одморот бидејќи ни изгледаат како губење време. За жал (среќа?), човековото тело е од животинско потекло и му треба редовен, долготраен одмор за да функционира ефикасно. Практично, ако не се одморате доволно, во тие часови кога работите вашата ефикасност ви се намалува многу, па исто ви се фаќа како да сте го потрошиле времето на спиење.

Спиењето е есенцијално, но како да го остварите ако постојано читате или работите на електронски уреди со вештачка светлина за која е докажано дека ви го пореметува сонот поради присуството на светлина во плавиот спектар? На помош доаѓаат новите светилки наречени Silk, чија намена е да го глумат природното дневно осветлување – и така да ви помогнат во одржување на здрав, природен дневен циклус.

Се работи за LED светилка која се сместува како и секоја друга нормална светилка. Тоа што е различно е нејзината поврзаност со мобилна апликација која пак и` кажува кога да ја промени бојата за да одговара на надворешните услови. Кога изгрева сонцето и кога заоѓа, поради начинот на патот на фотоните низ атмосферата и врз површината на Земјата, сината светлина е елиминирана од спектарот во кој остануваат само тие со поголема бранова должина – црвена, жолта, зелена и т.н. На ваквиот феномен ние сме генетски предиспонирани да реагираме со различни нивоа на излачен мелатонин – хормонот за регулирање на циклусот на будност и поспаност.

These Bulbs Mimic the Sun All Day To Help You Sleep Better At Night

Затоа, еден уред кој во домот би ги елиминирал стандардните бели светла (кои содржат зраци од плавиот опсег) и би ги направил приспособливи кон црвено-портокаловиот спектар кога таква е ситуацијата надвор, би помогнал за подобрување на вашиот биолошки внатрешен часовник, и со тоа за вашето здравје и одмореност, како и редовно легнување тогаш кога треба. Имено, Silk се приспособуваат т.е. ја менуваат бојата (со елиминирање на плавата) со помош на мобилната апликација.

Дополнително, тие имаат опција да ги регулирате со неколку „штракања“ на прекинувачот. На пример, едно штракање дава сигнал да се запали, две штракања да се стиша светилката, а три да се изгаси. Овие гестикулации можат да се наместат како ви одговараат внатре во апликацијата.

Овие светилки се` уште не се достапни на пазарот, но за нив има започната Kickstarter кампања која можете да ја поддржите и да се стекнете со една или повеќе вакви светилки. За 100 долари добивате 3 Silk светилки, 1 Silk Bridge, и можете да додавате уште светилки по желба (и по цена од 25 долари). Со оглед на тоа што LED светилките имаат огромен животен век, оваа цена воопшто не е голема за подобрување на вашето здравје, расположение и сон.

A во меѓувреме, можете да го инсталирате f.lux за десктоп компјутер или Twilight и сличните за Android.

Извор: Gizmodo, Kickstarter

Претходна статијаНова реклама на Златен Даб – Со пиво во светот на мажите
Следна статијаElephone P9000 е првиот телефон со процесор со 10 јадра!