b69a706eca6e62398c34c34b4d176003_original

Здосадено ви е да гледате низ „окцето“ на вратата кога ѕвони некој? Што велите да можете да гледате низ „окцето“ и кога сте илјадници километри одалечени од домот?

Запознајте се со Peeple – дигитален „ѕиркач“ – идентификатор за вашата врата. Тој се закачува од внатрешната страна на вратата врз „окцето“ и во себе има камера. Поврзан е со безжичната мрежа во вашиот дом и ви пренесува информации преку мобилна апликација, така што можете да го гледате приказот во секој момент. Апликациите се достапни за Android и iOS.

Тоа што е интересно е што Peeple има детектор за тропање и отворање на вратата, и автоматски ги зачувува овие видеа за да можете да ги прегледате кога ќе се вклучите на програмата. На овој начин никогаш нема да пропуштите што има да ви каже поштарот или пак некој непосакуван гостин кој решил да влезе и да испита колку ви е пријатен домот одвнатре.

Во моментов трае Kickstarter кампања за Peeple, па можете да ја поддржите ако сакате со донирање. За одредена сума (поточно, барем 149 долари во моментов) можете да добиете Peeple, а ќе може да си одберете и боја.

Peeple е добра и иновативна идеја за заштита на вашиот дом и потенцијално безбедноста и приватноста, но секогаш треба да помислиме и на другата перспектива. Тоа што Peeple е постојано врзан на Интернет значи дека некој поспремен хакер или хакерски тим би можел да го врбува за да анализира кој се` влегува во вашиот дом и каква е активноста внатре (впрочем, тоа се случи со хакирањето на домашните камери на илјадници луѓе пред неколку години).

Извор: TechCrunch, Kickstarter – Peeple

Претходна статијаBing подобро ќе ги рангира страните кои се прилагодени за мобилните
Следна статијаПронајден нов вид на матична клетка