CISnLeCUEAADhT5

Живееме во дигитална ера. Тоа значи дека сме опкружени со дигитални уреди кои постојано се врзани на Интернет и примаат и праќаат информации. Некои од нас често одат и до природата, качувајќи се на некоја планина или во шума, за да останат во допир со природата. Меѓутоа, нашите уреди во тој случај често престануваат да работат, заради повеќе причини: немаат пристап до Интернет, батеријата ќе им се потроши, немате каде да ги сместите…

Сето ова може да се реши, а решение понудија од iBackPack. iBackPack е следниот еволутивен чекор во дизајнот и функционалноста на ранците кои ги носиме на грб. Се работи за ранец кој во себе има малтене се` што ви е потребно за да направите вистински спој меѓу вашата подвижност и останувањето во дигиталниот свет. Ранецот во себе има суперспособна батерија налик тие на Tesla, која ги овозможува сите дигитални функции. Во нив спаѓаат полнење на вашите преносни уреди преку USB кабел, создавање на WiFi точка за поврзување, GPS уред и уред за одредување на близината на ранецот, и за други потреби.

https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=5xQEhY9UY7E

iBackPack се поврзува со повеќето мобилни оператори во САД, а веројатно ќе постои начин да се обезбеди поврзаност било каде во светот (на пр. со вметнување СИМ картичка). GPS уредот овозможува контрола на локацијата на ранецот, ако го дадете на вашите деца за да знаете каде одат (што е навистина језива и непотребна работа да се прави која значително ја намалува автономијата на вашето дете, освен во случаи на нужда). Дополнително, ранецот има сензор за близината (proximity sensor) со кој можете да го најдете ранецот кога е некаде во близина, но не можете да го видите (како на пр. на аеродром).

2015-07-10 11_17_26-Next Generation Backpack

Надвор од дигиталната сфера, во него има термос кој ќе ја чува топлината/ладнината на течноста која сте ја сместиле внатре, како и мала преграда со гел-одржувач на температурата, за да ги зачувате макароните топли или сендвичите ладни. Ранецот има и одлични стерео звучници за проектирање на звук од вашите уреди, отворач на шишиња, полнење преку сончев панел, па дури и е отпорен на куршуми!

Создавачите на iBackPack ќе започнат Kickstarter кампања за поддршка и производство на ранецот, а за само 149 долари (според Digital Journal) ќе можете да си обезбедите еден производ за себе. Нам ни изгледа како навистина добар ранец за прифатлива цена, а вам?

Извор: iBackPack.co, Digital Journal

Претходна статијаOnePlus 2 ќе чини под 450 долари и ќе има 4 GB рам
Следна статијаThe One – дигитално-надграден клавир за полесно учење на овој инструмент