0HOzGmMPJYAtpsDVHhjvNsl23iaMKsE77jchEzpcp84

Одсекогаш сакавте да научите да свирите клавир или било кој инструмент, но едноставно не сте имале време или не сте биле со доволно желба како мали за да издржите низ долготрајните лекции? Тоа наскоро ќе се смени.

Запознајте се со The One – дигитално-надградениот клавир кој ќе ви овозможи значително полесно учење како да свирите на овој инструмент, и тоа самостојно. Се работи за Indiegogo проект на веќе подготвен производ (т.е. два производа) чија главна идеја е да ве научи да свирите клавир со помош на модерната технологија. Како што спомнавме, се работи за два производа.

Едниот е пијанино со дрвено тело, 88 клавиши осетливи на допир, минималистички изглед и простор за вметнување на вашиот телефон или таблет. Другиот е класична дигитална клавијатура направена од квалитетна пластика на која исто така можете да свирите и да учите. Функционалноста им е практично иста, од вас зависи што повеќе ви се допаѓа како дизајн и секако, колку пари имате да одвоите за истото.

The-ONE-Light-couch-portable

Дрвената имиатација на пијанино ќе ве чини 899 (Indiegogo цена за раните купувачи) т.е. 1.499 долари (регуларна цена) и 199 т.е. 300 долари за клавијатурата. На оваа цена додајте и за меѓународен транспорт, што е добро дека барем го носат и до кај нас, a додајте и за царина бидејќи нашите царински власти се навистина расположени кога треба да наплатат нарачка од странство без воопшто да придонесат на нејзината употребна или било каква друга вредност.

Инаку, The One ве учи така што веднаш над клавишите има диодички кои означуваат на кои следни треба да ги сместите прстите, во однос на композицијата која сте ја вчитале на апликацијата (The ONE Piano, за Андроид и iOS) на вашиот таблет или телефон. Секако, The One можете да го/ги свирите и без воопшто да го поврзувате со преносни уреди и апликации, како регуларно пијано.

Запомнете – никогаш не сте престари за да научите нов инструмент, а тоа ќе ви го смени целиот поглед кон музиката и нејзиното место во нашите животи.

Извор: The Next Web, Indiegogo

Претходна статијаiBackPack – модерна верзија на ранецот за на грб
Следна статијаЗа прв пат демонстрирано создавање на молекули со помош на ласер