fove

Очилата, односно ако сакаме да бидеме попрецизни, шлемовите за виртуелна реалност, стануваат се попопуларни, на чело со досега непобедливиот Oculus Rift, но и прототипот на Microsoft за изменета реалност, HoloLens. Fove е нов Kickstarter проект, кој се разликува од другите по тоа што може прецизно да ги следи очите.

Ваквиот начин на работење отвора целосно нови можности кај уредите за виртуелна реалност, кои досега беа ограничени само со движењето на главата, односно движењето во просторот. Сепак, за целосно префрлање на реалноста во виртуелна, потребни се уште многу други фактори, а првиот од нив е секако можноста за управување со очите, кои се најважните во визуелното искуство.

Идејата зад ваквото управување на уредот е земена од акционите игри од прво лице, односно можноста за многу попрецизно целење со оружјето. Исто така, софтверот ќе може и полесно да ја фокусира сликата на субјектот каде гледаат очите, што ќе го доближи искуството до реалното. Fove имаат лансирано и “Developer” кит, кој може целосно да работи со Unity, Unreal Engine и CryEngine, што значи дека сите понови игри ќе можат лесно да се прилагодат да работат со овој VR уред.

Покрај играњето на акциони игри, Fove може и да им помогне на парализираните луѓе, кои ќе можат да го управуваат уредот само со движење на очите. Имено, тимот кој стои зад уредот, веќе му овозможил на целосно парализирано дете од Јапонија, односно школото за деца со специјални потерби, да твори музика преку гледање на нотите на екранот.

Од хардверската страна, Fove е опремен со 5,8 инчен екран со Quad HD резолуција од 2560х1440 пиксели, која треба да овозможи исклучително чиста и остра слика. Системот за следење на очите, пак, работи со прецизност од агол од 0.2 степени.

Цената на Fove изнесува 399 долари во преднарачка (349 долари за дивелоперите), што и не е многу високо со оглед на можностите и перформансите кои ги нуди.

Извор: Engadget

Претходна статијаEO 2 е автомобил кој може да го менува обликот
Следна статијаИзбрани три андроид апликации со најдобро Златен Даб решение