zlaten-dab-app-challenge-2

Прилеп (23.05.2015)- Наградниот конкурс „Златен Даб Android Challenge” кој започна на 19 март, заврши. Конкурсот траеше скоро два месеци и на истиот се пријавија повеќе од 20тина млади и талентирани програмери кои успешно одговорија на предизвикот.

Согласно одлуката на стручната шестчлена комисија наградата од 1500 евра, во денарска противвредност, беше подеднакво поделена на три софтверски решенија, односно на:

  • „МЕМОРИЈА” на Никола Војновски
  • „ДАБ АРЕНА” на Игор Спасеновски
  • „CATCH POP” на Томислав Јованоски

Избраните апликации во наредниот период ќе бидат развиени како функционални апликации за слободно користење на Android телефоните.

„Основната идеја за создавање на овој конкурс беше да се доближиме до нашите конзументи кои се повеќе ги користат своите телефони за еден поинаков вид на забава а и вооедно да понудиме шанса на локалните програмери, своето знаење и да го покажат преку создавање на апликации кои ќе ги воведат корисниците на модерната технологија во еден поинаков свет на забава. Можам да ви потврдам дека и во иднина Златен Даб ќе се залага за организација на вакви и слични настани и конкурси, со што се надеваме дека ќе успееме да привлечеме уште поголем број на учесници и ќе добиеме уште подобри и поинвентивни решенија кои можеби утре ќе направат вистински промени не само кај нас, но и на светско ниво“ изјави Александар Чатлески, бренд менаџер во Прилепска Пиварница.

Победничките апликации беа избрани од страна на стручна жири комисија, составена од страна на Прилепска Пиварница. При селекцијата беше оценуван дизајнот, иновативниот пристап, брзината, достапноста, како и функционалноста и практичната примена на самата апликација.

Претходна статијаFove е првиот VR уред кој ги следи очите
Следна статијаДали технологијата е крива што мозокот ни е „на сите страни“?