density-sensor-psfk

Колку пати сте осетиле нервоза кога сте стигнале до вашата теретана или омилено кафуле и сте го нашле во гужва, без слободно место и справи за вежбање? Веројатно толку пати и сте помислиле дека одлично би било да можете да проверите некако каква е ситуацијата таму во однос на луѓе, па да одлучите дали да поминете или не.

На овие маки им доаѓа крајот со една американска компанија која го направи сензорот наречен Density. Овој сензор се закачува на влезот на таквите простори и регистрира кога некој влегува или излегува од просторијата. Со помош на паметна проценка колку луѓе се внатре, колку излегле и колкава е активноста на влезот со ваквите сензори се собираат информации за различните места. Потоа информациите за гужва на некое место можете да ги проверите и да донесете одлука дали сепак да одите на друго место.

Интересното е што и самите места можат да го користат Density за пооптимално да ги пополнуваат празните места. На пример, еден ресторан може преку Density да рекламира дека е празен за да повика нови посетители и практично да биде оптимално полн. Истото може да се користи за теретана, споделени канцеларии и други простори. Местата можат во однос на посетеноста да даваат попусти, преку автоматско програмирање ако падне посетеноста под одреден процент.

API-то на Density е со отворен код, па може да го користи и прилагодува практично секој кој има потреба од истото. Една неочекувана, но добра работа која е поврзана со начинот на кој работи Density е тоа што нема инвазија врз приватноста на посетителите како што има со камерите, бидејќи сензорот препознава само движење, а не кој човек точно се движел.

Инсталацијата и одржувањето се „бесплатни“ – веројатно бидејќи чини 25 долари месечно за една локација. Секако, ќе се согласиме дека за САД ова не е воопшто голема цена, а ниту пак за кај нас е особено значајна.

Извор: Engadget, PSFK, Fastcodesign

Претходна статијаNokia ги продаде Here Maps на германските производители на автомобили
Следна статијаUhura од Ѕвездени патеки ќе учествува во мисија на NASA