Zeiss-932x519

Најстариот и најпознат производител на стакла и леќи за секакви производи, Carl Zeiss, има нови паметни очила, кои се слични по можностите на Google Glass, но кои имаат дизајн кој нема да направи да изгледате како киборг, туку изгледаат многу нормално, да не речам и хипстерски.

Со овие очила, наместо бизарните Google Glass, сега ќе изгледате многу понормално, па дури и модерно. За разлика од пионерот кај паметните очила, овие на Carl Zeiss го покажуваат целото искуство и експертиза на производителот во производството на леќи.

Имено, тука информациите се проектираат директно на леќата на очилата и покрај тоа што таа е закривена. За да се постигне тоа, поставени се неколку делови со бифокални должини, кои се видливи одблизу, но не и оддалеку – за останатите луѓе ќе изгледа како да носите нормален пар на очила.

DSCF2756

На страната од леќата на очилата, односно на самиот крај на десниот држач, вграден е OLED дисплеј кој може да ја проектира сликата на самата леќа. Според Carl Zeiss, дисплејот може да се постави и на другите делови на рамката, зависно од желбата на дизајнерот.

Компјутерот, односно хардверот кој ќе треба да се погрижи за работење на оперативниот систем и прикажување на информациите се наоѓа во десниот држач на очилата.

Засега, очилата на Carl Zeiss се само прототип и најверојатно нема да влезат во производство, но како и со многу други производи, производителот е спремен да даде лиценца за користење на ваквите леќи на други паметни очила.

Со овие паметни очила, Carl Zeiss навистина покажува како требаше тие да изгледаат уште од почеток. И не само тоа – покрај нормалниот дизајн, нивните очила можат да ги користат и луѓето со оштетен вид, со специјално дизајнирани леќи со диоптер.

Извор: Wired, Engadget, PCWorld

Претходна статијаLenovo Lemon 3 – Евтин смартфон со карактеристики на високата класа
Следна статијаIntel претстави нов, помоќен “Compute Stick” минијатурен компјутер со Windows 10